Германскиот претседател Јоаким Гаук изрази загриженост поради можноста на изборите во САД да победи републиканскиот кандидат за Белата куќа, Доналд Трамп, кого го нарече „непредвидлив“.
Тој во интервју за германското списание „Шпигел“ укажа на опасноста од автократија во САД.
– Не сме во можност да кажеме што би можеле да очекуваме од Доналд Трамп како претседател и тоа за мене претставува проблем, како и за голем број други личности, како во САД, така и тука, изјави Гаук.
– Неговата непредвидливост е причина за загриженост, додаде тој.