Либерално-демократската партија денес, на седницата на Централниот одбор, во демократска атмосфера и со тајно гласање, ги избра кандидатите за пратеници на претстојните вонредни парламентарни избори, закажани за 11-ти декември, известуваат од партијата.
Во првата изборна единица, на 12-тото место на коалициските опозициски листи, партијата ја предложи Никица Корубин. Во втората изборна единица, на 17-тото место е претседателот на подмладокот на ЛДП, ЛИДЕМ – Стефан Миноски.
Јулиана Николова, претседателка на Форумот на жени на ЛДП е на 6-тото место во третата изборна единица. Во четвртата изборна единица, на 20-тото место на коалициската листа е Јасмина П. Миленковиќ, а во петтата изборна единица, на 4-тото место е претседателот на ЛДП, Горан Милевски.
ЛДП на изборите на 12-ти декември ќе настапи како дел од опозициската коалиција, предводена од Социјал-демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).