Состанок на Интерпол во Индонезија, ќе бидат презентирани информации за ФЕТО

Сподели

На Генералното собрание на Интерпол ќе бидат разгледани и апликациите на Палестина и Косово за членство во Интерпол

thumbs_b_c_04bf1bf6494a84d43ad6e36164adf8db

ЏАКАРТА (АА) – Осумдесет и петтиот состанок на Генералното собрание на Интерпол ќе се одржи во конгресниот центар Нуса Дуа, во Индонезија, на островот Бали, јавува Anadolu Agency (AA).

На овогодишното Генерално собрание на Интерпол ќе учествуваат 1.360 делегати од 167 земји. Тема на разговор на средбите ќе биде борбата против тероризмот. На Генералното собрание на Интерпол ќе бидат разгледани и апликациите на Палестина, Косово и Соломонските Острови за членство во Интерпол.

На Генералното собрание ќе биде избран и нов претседател на организацијата. За претседател на Интерпол се кандидираат помошникот министер за јавна безбедност на Народна Република Кина, Хонгвеј Менг и генерал-полковник Себастијан Ндеитунга од Намибија. Организацијата го бира својот претседател со мандат од 4 години.

 На членките на Интерпол ќе им бидат дадени информации за ФЕТО 

Турските претставици на Интерпол, на панелот што ќе се организира во рамките на состанокот, ќе имаат можност на своите колеги да им го презентираат односот против Турција на терористичките организации ПКК, ЈПГ и ФЕТО, која на 15 јули изврши обид за државен удар.

 Вонредни безбедносни мерки на Бали 

Поради состанокот на Интерпол на Бали, преземени се вонредни безбедносни мерки.

Поради состанокот, кој ќе трае до 10 ноември, на островот се ангажирани 3.800 полицајци.