РОМАНИЈА: Уапсен поранешниот претседател на даночната управа

Сподели

Поранешниот претседател на романската Национална агенција за даночна администрација, Сорин Блежнар е обвинет за корупција, јавува весникот „Зијарул финанчиар”.

Блежнар е осуден за примање поткуп од над 13 милиони леи, заедно со други лица, со цел да го искористи своето влијание над свои вработени. Поткупот претставувал 20 отсто од вредноста на договор за којшто се предвидувало институцијата на Блежнар да го склучи во периодот помеѓу ноември 2011 и јануари 2012 година.

Трибуналот на округот Прахова наложи мерка притвор за Блежнар. Тој вчера беше запрен од сообраќајна полициска патрола и одведен во Окружниот полициски инспекторат, пишува „Куриерул национал”.

Годинава во јуни Сорин Блежнар беше осуден на пет години затвор за дела поврзани со даночни измами и криминално здружување. Сепак, пресудата не е конечна.

Штетата од тие криминални акти се проценува на 56 милиони евра, посочува ТВ каналот Реалитатија.