CNN најгледана телевизија за време на изборите во САД

Сподели

tramp-win

Околу 71,4 милиони Американци ја следеа изборната победа на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори во САД во вторникот, што е бројка мошне блиска до рекордот од 2008 година, за време на победата на Барак Обама во првиот мандат.

 Компанија за мерење на рејтингот на телевизиите Нилсен, соопшти дека во 2008 година изборната ноќ била проследена од 71,5 милиони гледачи.

Во вторникот вечерата беше означен крајот на предизборната кампања, која го држеше вниманието на Американците повеќе од една година. Две од трите најгледани предизборни претседателски дебати во историјата биле меѓу Трамп и неговата соперничка Хилари Клинтон.

Најгледаната телевизија ноќта на изборите била Си-Ен-Ен, а по неа следеле Фокс њуз и Ен-Би-Си.