По пријава на Горан Стаменковски вработен во Кривичниот суд утрово во судот биле инспектори од трудовата инспекција, потврдуваат од Основен суд 1.
Како што наведуваат, инспекцијата ги проверувала наводите на Стаменковски кој тврди дека бил деградиран во службата.
Од судот на инспекторите им било појаснето дека Стаменковски бил унапреден и било формирано одделение за човечки ресурси, но тој до сега не изготвил никаков план, ниту програма за работа за потребите на 400 вработени во судот.
Образложението на Стаменковски било дека тој добил дополнителна работа во друго одделение. Постапките на Стаменковски, тврдат од судот, довеле до нарушување на меѓучовечките односи заради што е поведена и дисциплинска постапка која може да резултира и со кривична одговорност.
Имено, како што пред два дена информираше судот, Стаменковски ја нападнал портпаролката. Тој
пак ги негираше ваквите тврдења.
извор: 24вести