Прислушувани биле и Јанкулоска, Јанакиески, Ахмети, Тачи, Бошкоски, но не и Груевски

Сподели

sjo-lence-5

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се дел од незаконски прислушуваните политичари, откри јавната обвинителка Ленче Ристоска, одговарајќи на новинарско прашање при денешната презентација на истрагата „Таргет“.

Таа откри дека поранешниот премиер Никола Груевски не бил незаконски прислушуван, а другите политичари биле прислушувани на неколку телефонски броеви кои ги поседувале.

Така, според доказите што ги прибавило СЈО, Јанкулоска незаконски била следена 732 дена, Јанакиески на еден од телефонските броеви незаконски бил следен 732 дена, на вториот – 553 дена и на третиот телефонски број – 816 дена.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на првиот телефонски број незаконски бил следен 338 дена, а на вториот – 867 дена.

Првиот човек на ДПА, Мендух Тачи, на првиот телефон бил следен најмалку 1.257 дена, а Љубе Бошкоски, пак, 320 дена.

– Листата на следени политичари е прилично долга – додаде обвинителката Ристевска.

meta.mk