Банката „Џеј Пи Морган“ казнета со 264 милиони за создавање „корупциска шема“

Сподели

j-p-morgan-co

Американската банка „Џеј Пи Морган“ е казнета со 264 милиони долари затоа што во Кина создала „корупциска шема“ за ширење на своите зделки во оваа земја.

Банката ангажирала и вработувала синови и ќерки на кинески функционери на високи позиции, за да помогнат за успешноста на бизнисот на „Џеј Пи Морган“.

Министерството за правда на САД ја прогласило ваквата „шема“ на банката за „корупција како и секоја друга“, но и како сериозна закана за националната безбедност.

Во 2013 година ова Министерство, како и Националната комисија за безбедност, покренале истрага за работењето на банката.

Според американските закони, на домашните компании им е забрането да даваат пари на странски функционери за да го поттикнат својот бизнис.

Оваа банка не им исплаќала дирекно пари на кинески функционери, но по спроведената истрага, американските правосудни власти утврдиле дека она што „Џеј Пи Морган“ го правела во Кина е „сосема идентично“.

„Шемата“ на банката им овозожувала да ангажираат недоволно квалитетни кадри за важните работни места во инвестициското банкарство, само за да ја „внесат“ банката во кругот на функционери во Кина кои можеле да им обезбедат инвестициски зделки.

Берзата во Њујорк реагираше позитивно по определувањето на паричната казна со раст на акциите на „Џеј Пи Морган“ од 1,1 отсто.