Авион на „Туркиш ерлајнс“ поради дојава за бомба, привремено беше задржан на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје

Сподели

Авионот на „Туркиш ерлајнс“ кој поради дојава за бомба привремено беше задржан на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, по извршените безбедносни проверки, вчера навечер полета во 22:56 часот за Истанбул.

aerodrom

Во авионот требаше да патува и делегација предводена од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во која е и министерот Бил Павлески.

Од кабинетот на шефот на државата изјавија дека поради безбедносните процедури, претседателот Иванов и членовите на делегацијата не отпатувале за Истанбул, од каде требаше да заминат за Мадагаскар на Самит на франкофонијата.

Авионот на “Туркиш ерлајнс” кој според редот на летање требаше да полета во 20:40, часот беше задржан на пистата на Скопскиот аеродром по дојава за бомба. По безбедносните проверки е утврдено дека не станувало збор за експлозивна направа, туку за мобилен телефон. Согласно авиопроцедурите авионот морало да биде дополнително проверен, по што е издадена дозвола за негово полетување и тој замина за Истанбул.

Од ТАВ засега нема официјална информација за настанот.