„Луфтханза“ одложи уште 830 летови

Сподели

– Во соопштението на „Луфтханза“ се наведува дека за период од три дена, вклучувајќи го и денешниот ден, поради штрајк се откажани 2.618 летови и поради овие откажувања, погодени се 315.000 патници.

lufthanza

ФРАНКФУРТ (АА) – Германската авиокомпанија „Луфтханза“, информираше дека поради штајк на пилотите, одложени се 830 летови на куси и средни дестинации, закажани за денеска, од што ќе бидат погодени повеќе од 100.000 патници, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на „Луфтханза“ се вели дека поради штрајк на пилотите, кои се дел од синдикатот Вереинигунг кокпит (VC), одложени се 830 летови, од трите илјади закажани за петок, 25 ноември 2016 година.

Во соопштението се наведува дека од откажаните летови ќе бидат погодени повеќе од 100.000 патници. Од штрајкот нема да бидат погодени авиокомпаниите „Германвингс“, „Еуровингс“, „Eр Доломити“, „Свисс“, „Аустриан Ерлајнс“, „Ер Доломити“ и„Брисел Ерлајнс“.

Во соопштението се наведува дека за период од три дена, вклучувајќи го и денешниот ден, поради штрајкот се откажани 2.618 летови и поради овие откажувања, погодени се 315.000 патници. Во текот на денешниот ден дополнително ќе се информира колку летови ќе бидат откажани утре поради штајкот на пилотите.

Авиокомпанијата соопшти дека се обидува да најде најдобро решение за патниците кои се „жртви“ на откажаните летови. Како дел од мерките за ублажување на проблемот со патниците, во околината на Рен-Маин и Минхен се резервирани илјадници хотелски соби, се вели во соопштението.

Синдикатот на пилотите, кој брои 9.600 членови, од „Луфтханза“ бара да се зголемат платите на пилотите ретроактивно, за последните 5 години, по 3,66 отсто на годишно ниво.

Синдикатот претходно соопшти дека на средбата со претставниците на „Луфтханза“ не бил постигнат договор за зголемување на платата на пилотите.