Ураганот Отто ја погоди Коста Рика

Сподели

uragan

САН ХОСЕ (АА) – Бројот на загинати од ураганот Отто во карипското крајбрежје во Коста Рика се зголеми на 9 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот на Коста, Рика Луис Гилерм Солис, изјави дека бројот на загинати во јужните региони Багацес и Уапала, којшто се наоѓаат на граница со Никарагва, се зголемил на 9 лица.

Солис изјави дека во регионот само за еден ден наврнало дожд што нормало количински се очекува за еден месец и истака дека продолжуваат грижите дека ураганот може да ги оштети важните земјоделски производи, како што е кафето.

Во меѓувреме се дознава дека во Никарагва е отстранета „вонредната сосотојба” којашто беше прогласена како последица на влијанието на ураганот Отто. Во Никарагва нема регистрирани загинати лица, но се дознава дека уништени се околу 400 куќи.

Како резултат на опасноста од ураганот, во Коста Рика се евакуирани 2.500 лица од сопствените домови, додека на ниво на цела држава се затворени училиштата.

Многу држави, како што се САД и Панама, испратија хеликоптери и авиони за помош во спасувачките активностите.