АЛБАНИЈА: 104. години независност

Сподели

albanija

Албанија денеска го одбележува националниот празник, Денот на независноста.

Албанија прогласи независност на 28 ноември 1912 година во пресрет на Првата балканска војна, која доведе до пад на Отоманската Империја и создавање нови држави на Балканот.

Независноста на Албанија е прогласена на денешен ден пред 104 години од Големото народно собрание во Валона и е потврдена со Лондонскиот мировен договор, со кој заврши Првата балканска војна во 1913 година.

Албанскиот национален празник е познат и како Денот на знамето. Црвеното знаме со црн двоглав орел прв пат е промовирано од албанскиот национален херој Скендербег во 1443 година, кога тој се враќа од Цариград во родниот град Круја.