В. Британија: Прв случај на вирусот зика пренесен преку сексуален однос

Сподели

Првиот случај на вирусот зика пренесен по сексуален пат е забележан во Велика Британија, јавува Anadolu Agency (AA).

Се претпоставува дека заразеното лице вирусот го добило преку сексуален однос.

Официјални претставници на британското здравство соопштија дека жената се лекува од вирусот зика, а дека е инфицирана од партнерот кој патувал во една од земјите кои беа зафатени од оваа епидемија.

Тие предупредија да се обрне внимание на лицата кои патувале во земјите погодени од вирусот зика. Според последните податоци, во оваа земја се забележани најмалку 200 случаи на лица со овој вирус.

Професорот на Медицинскиот факултет во Лондон, Џими Витворт, објасни дека во светот се забележани повеќе од 60 случаи на вирусот зика кои се заразиле со вирусот по сексуален контакт.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), поради вирусот зика во февруари беше прогласена вонредна состојба, која беше укината на 19 ноември.

За вирусот зика не постои вакцина или лек за лечење на вирусот. Симптомите обично вклучуваат треска, осип, болки во зглобовите, црвенило во очите, болка во мускулите, главоболка и повраќање. Симптомите обично почнуваат три до седум дена по каснување од комарец. Покрај преку каснување од комарец, вирусот зика се пренесува и се шири преку трансфузија на крв, но исто така и преку сексуален однос.

Вирусот за прв пат беше забележан во 1947 година кај мајмуните во Уганда, а инфекцијата ескалираше минатата година во Бразил.