ЗИЈАДИН СЕЛА: Распределба на работни места, според етничка припадност

Сподели

zijadin-sela-na-chelo-na-dpa-243953

Претседателот на движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села на митингот во Општина Желино рече дека програмата на Алијансата за Албанците нуди нов концепт на распределба на работни места, според етничка припадност.

– Ние ќе предложиме и правична распределба на работните места. На пример, во тетовската полиција да има вработено 80 проценти Албанци, а вака ќе биде во сите институции. Вработувањето по етничка линија ќе биде реализирано во зависност од тоа, колку во одреден регион живеат Албанци – изјави Села.

Албанците вработени според Рамковен договор, а кои седат дома и земаат плата, Села ги нарече паразити. Тој истакна дека за овие млади луѓе мора да се најде работа.

– Гледам дека отсега се зборува за некакви владини коалиции, на пример Беса со ВМРО-ДПМНЕ, ДПА со ВМРО-ДПМНЕ и слично. Јас сакам да порачам, на Алијансата за Албанците вистински коалиционен партнер е албанскиот народ и после изборите ќе ја почнеме вистинската битка со македонската страна – рече Села.