Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и вечерва од Демир Хисар порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на овие избори зашто верува оти граѓаните референдумски ќе му дадат поддршка.
– Има многу причини за такво нешто. Прво поради она што го имаме сработено, нашиот минат труд, остварени ветувања, но и новата програма „Реално“ со над 500 страници во која има многу нови работи кои ќе се исполнат во наредните 4 години. Секако тука се и последните политички турбуленции и големата политичка криза која ни ја создаде СДСМ и затоа СДСМ ќе биде казент, а ВМРО-ДПМНЕ ќе добие огромна поддршка, затоа што се бори за државата и за сите граѓани, затоа што не го делиме народот – рече Груевски.