СДСМ: Заев зборува за живот, Груевски за смрт!

Сподели

zoran-zaev-valandovo

Соопштение на СДСМ:

Последните закани за насилство од обвинетиот за насилство Никола Груевски само ги покажуваат неговите очај, страв и паника. Граѓаните н аМакедонија се пред многу јасен избор,  реагира СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во која вели дека да бил Гоце Делчев жив, на Зоран Заев ќе му бил пратен Ќосето.

„Заев зборува за плати, Груевски се заканува со насилство! Заев повикува на обединување, Груевски шири омраза и поделби!

 Заев се гордее со идеалите на социјдемократот Гоце Делчев, Груевски го сквернави неговото име се закани за ликвидации!

Заев зборува за план за подобар животен стандард на граѓаните, Груевски крои план за бегство од Македонија!

Заев зборува за живот, Груевски за смрт!  На 11 декември ќе се разбуди животот во Македонија.

Нарачателот и одговорниот за насилство Груевски и за овие и за сите други злосторства против граѓаните и имотот на Република Македонија ќе одговара пред судството, кое по 11 декември ќе биде независно.

Овие избори се историски. Секој треба да излезе на 11 декември и да избере повисоки плати, достоинствени работни места, институции во служба на граѓаните и правда за сите“, порачува опозицијата.