Во соопштението што денеска го објави Министерството за внатрешни работи денеска, стои дека на изборниот ден, на 11 декември, управните служби ќе работат на издавање лични карти, но само на лица што ја загубиле или им е украдена, како и на лица на кои им е оштетена личната карта.
„Воедно, истиот ден ќе се врши и издавање на веќе подготвените лични карти. В недела, на 11 декември 2016 година, надлежните управни служби ќе работат од 7 часот до 19 часот, но само на издавање на готови лични карти“, стои во соопштението на МВР.