Во петок навечер во 21 часот пред полициската станица „Беко“ ќе се организира забава насловена како „Информативен разговор“.
Настанот е креиран на социјалната мрежа „Фејсбук“.
„Откако стапи на функцијата министер за внатрешни работи, нашиот ценет Митко Чавков се отвори кон граѓаните за информации. Човек учи додека е жив нели. По тој повод овој петок свечено Ве покануваме сите на „Информативен разговор“ во „Беко“. За музиката и информативните прашања ќе бидат задолжени диџеите „Kom And Dir“, резиденти во „Беко“ веќе долго време и познавачи на приликите и вкусовите на публиката. Информации ќе се разменуваат до утринските часови. Ве охрабруваме да ги поканите своите пријатели. Сепак, Митко е министер на сите нас и секој е добредојден. Повелете!“, пишува во образложението за настанот.
Забавата доаѓа откако неколку членови на Хелсиншкиот комитет беа повикани на информативни разговори во полициската станица „Беко“ затоа што со боја фрлале кон институциите и спомениците. Досега на информативен разговор беа професорот Гордан Калајџиев, Уранија Пировска и Мирјана Најчевска.
Извор: meta.mk
Во петок пред полициската станица „Беко“ ќе има забава наречена „Информативен разговор“