Новаковски за Канал 77: Треба да се провери од каде толку голем број на неважечки ливчиња

Сподели

Споредено со некои други изборни циклуси, голем е бројот на неважечки ливчиња на овие избори изјави поранешниот претседател на ДИК, Александар Новаковски, во последното издание на Ноќен Ескпрес на Канал 77.

– Внимателно да се провери дали тие ливчиња се намерно направени затоа што имало такви ситуации и во други изборни циклуси каде граѓаните тоа го правеле од револт. Точно може да се утврди дали е тоа правено од револт на граѓаните или од некои други намери -вели Новаковски.

Поранешниот претседател на ДИК вели дека Комисијата е должна оргиналните записници од избирачките одбори, кои се доставени до општинските одбори да ги објави уште вечерта по изборите.

– Ние сме држава во која за два часа може да се стигне до Скопје и да се достават материјалите. Доколку ДИК си дале луксуз да се ослонат само на електронските податоци, тогаш можно е да дојде до големи недоразбирања при внес на податоците од центрите од општинска изборна комисија преку електронска пошта и од оргиналните записници кои ги добиваме сега и сметам дека грешката е направена тука и се надевам дека ќе бидат внесени податоците од оргиналните записници- вели Новаковски.

Инаку, ДИК, според Новаковски, беше должна да излезе порано со првични неофицијални резултати со оглед на тоа дека ова беа пропорционални парламентарни избори, и во покомплицирани случаи кога сме имале и локални и парламентарни резултатите се соопштувани во 23:30 часот.