Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се појави на судското рочиште за случајот во јавноста познат како „шамари“, кој Специјалното јавно обвинителство на 15 септември го поведе за насилства во Општина Центар, како и за нарачаните шлаканици за градоначалникот Андреј Жерновски.
Покрај Груевски, во судницата се појавија и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова, двајца советници од Општина Центар и уште девет лица кои се обвинети за немирите во општина Центар.
Обвинителка во овој случај е специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи, а судијка е в.д. претседателката на Кривичен суд, Татјана Михајлова.