Обама: Режимот на Асад и неговите сојузници Русија и Иран се одговорни за ужасите во Сирија

Сподели

ВАШИНГТОН (AA) – Американскиот претседател Барак Обама во петок изјави дека режимот на Асад и неговите сојузници Русија и Иран се одговорни за ужасите кои се случуваат во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

„Одговорност за бруталноста во Сирија му припаѓа на режимот на Асад и неговите сојузници, Русија и Иран. На нивните раце е крвта на починетиот масакар во Сирија”, рече Обама.

Нагласи дека целиот свет е обединет против дивеечките напади на војската на претседателот Башар ал-Асад на сирискиот град Алепо.

„Додека разговараме, светот е обединет пред ужасниот напад на сирискиот режим и неговите руски и ирански сојузници на Алепо”, рече Обама на конференцијата за медиуми во Белата куќа, која се одржува пред тој да ја предаде неговата должност на републиканецот Доналд Трамп на 20 јануари.

„Цели населби се претворени во прав и пепел. И понатаму имаме дојави за губење на цивилите. Има секакви кршења на меѓународното право”, рече Обама.

На крајот напомена дека Асад не може да го добие потребниот легитимитет со убивање и злосторства против цивили, обвинувајќи ги руските власти поради блокирањето на хуманитарните напори во ОН.

„Светот нема да заборави”, порача американскиот претседател.