Фронтекс: Во ЕУ оваа година пристигнале околу 350.000 мигранти

Сподели

БЕРЛИН (АА) – Фабрис Легери, извршен директор на границата Фронтекс, вели дека до сега оваа година, во Европската унија дошле околу 350.000 мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).

Изјавата на Легери во саботата ја цитираа германските медиуми, каде што тој рече дека имало околу 180.000 допатувале преку Турција и источниот Медитеран, а околу 170.000 во централниот Медитеран од Либија и Египет.

Ова е голем пад во споредба со 2015 година, кога на Стариот континент пристигнаа над еден милион мигранти.

Легери истакна дека договорот помеѓу Европската унија и Турција го намалил бројот на мигранти кои доаѓаат од Исток, и дека миграција од Северна Африка се зголемила за 30 проценти.

Меѓународната организација за миграција минатиот месец изјави дека во 2016 година 4.646 лица загинаа преминувајќи го Медитеранот, што е за 1.000 повеќе отколку во истиот период минатата година.