ДИК покажа дека не е ниво на сериозната задача

Сподели

Со одлуките што ги донесе ДИК покажа дека не е ниво на сериозната задача што ја има во врска заштитата на сите аспекти од изборниот процес, реагира вечерва СДСМ.

„Институциите на државата мора да работат во служба на граѓаните и да ја почитуваат волјата на граѓаните на Република Македонија. И покрај се што се случува, неколку работи се кристално јасни: граѓаните избраа живот и тие промени веќе се случуваат, нема повеќе место во политиката за личности како Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција. Се отвораат перспективите за единствена Република Македонија и сите нејзини граѓани“, се наведува во реакцијата на СДСМ, откако ДИК вечерва го одби нинвиот последен приговор во врска со изборниот процес.