Неделен хороскоп: 19.12 – 25.12.2016

Сподели

Овен

Многу ќе бидете задоволни како со деловниот така и со семејниот живот. Обидете се ваквата состојба да је претворите во трајна. Немојте да се нервирате поради некои ситници. Доколку се оптоварувате и размислувате за лошите колегијални односи само ќе се нервирате, а ништо нема корисно да направите.

 

 

Бик

Одредени работи никако да тргнат, а вашата кариера има еден неизвесен тек, вас се’ уште ви стои некој проект, работа или задача во која секојдневно можете и морате да се докажете. Потрудете се околу тоа.

 

 

Близнаци

На работното место од вас ќе се очекува да бидете креативни, при што со задоволство ќе влезете во новата работна обврска. Можно е да почувствувате истоштеност, но тоа е како резултат на вашите грижи и ангажирања. На емотивен план се оди како што сте замислиле.

 

 

 

Рак

Повеќето нови познанства кои ќе ги имате во текот на оваа недела, ќе ве натераат да ги преиспитате своите досегашни емотивни врски. Некои нови лица ќе ви се чинат веќе на прв поглед интересни за остварување на долготрајни односи. Потребно е, сепак, во тие контакти да внесете и одредена доза на претпазливост.

 

 

Лав

На работното место би можеле да потфрлите, така што резултатите нема да бидат ништо посебно. Ви недостасува енергија, а тоа ќе биде видливо и за околината. Затоа, потребно е повеќе да се завртите кон себе си и вашите најмили. Односот со партнерот ќе се подобрува, а вие ќе имате поголема доверба во справувањето со секојдневните активности.

 

 

Девица

Моменталниот застој на работен план ќе биде причина за привремено влегување во слепа улица. Не ќе можете да чекате, сакате брзо да живеете и ќе бидете склони кон авантуристички потези. Можеби ќе добиете понуда за патување, или ќе ве посети некоја личност од далеку.

 

 

Вага

Се обидувате да ги завршите одамна започнатите работи и ќе успеете во тоа доколку работите напорно и давате се од себе. Бидејќи во семејството ве очекува некоја поголема промена, можеби принова, односно се она што вас ви е особено важно, не се оптоварувајте со други непотребни работи, односно работи кои само ве заморуваат.

 

 

Шкорпија

Ќе имате среќа во работите во кои ви е ограничен пристапот. Ќе успеете да заработите одлична сума на пари, поради што ќе бидете задоволни. Ви следи повторен контакт со влијателни личности од минатото, кои би можеле поволно да влијаат на остварување на вашите деловни амбиции.

 

 

Стрелец

Ви доаѓа нова енергија која ќе ви помогне во пребродувањето на тешкотиите на кои ќе наидете. Ќе бидете свесни за својата сила и ќе имате волја за да издржите во реализирањето на вашите оригинални идеи иако околината тешко ќе ги прифати. Не чекајте туку веднаш почнете со уверувањето на вашите колеги за вашата генијалност.

 

 

Јарец

Убаво разгледајте ја целата ситуација пред изработувањето на планот. Поради денешните должности воопшто ќе немате време за забава. Многу важно во моментот е да соработувате и да ги послушате советите од поискусни луѓе. Во бракот или врската, доаѓа до подобрување на односите. Ве напушта несигурноста и недовербата кон партнерот.

 

 

Водолија

Некои пари кои сте ги очекувале би требало да пристигнат. Спротивниот пол ќе покажува зголемено интересирање за вас. Искористете ја добрата соработка со некоја Девица, и профитирајте. Ве очекува некакво изненадување и непланиран развој на нстаните, бидете подготвени на се и брзо прилагодувајте се на новонастанатите околности.

 

 

Риби

На работното место ќе се впуштите во ризична инвестиција и покрај некои забрани и предупредувања од соработниците. Размислете тоа може скапо да ве чини. Во поглед на емоциите ќе зрачите со магнетска привлечност. Ќе бидете многу рационални во врската или бракот, како и при изборот на партнер. Подготвени сте да го дочекате поволниот момент и да дејствувате.