ФРАНЦИЈА: Превентивни апсења поради страв од терористички напади

Сподели

Француската полиција спроведува „превентивни апсења“ и поставува бетонски бариери на божиќните базари, стравувајќи од терористички напади во земјата, слични на неодамнешниот напад во Берлин.

Портпаролот на француската влада рече дека се контактирани божиќните базари за да се спроведат сите безбедносни мерки, вклучувајќи проверка на багаж.

Во Франција во напади на исламистите во изминатите две години беа убиени повеќе од 230 лица, а повеќе од една година на сила е вонредна состојба во земјата.

meta.mk