Вести Свет

ЕК со предлог за построги мерки во борбата против финансирање тероризам

Европската комисија предложи повеќе мерки за поефикасна борба против финансирањето тероризам и организираниот криминал, како и за зајакнување на соработката помеѓу земјите членки со поголема размена на информации.

Комисијата предложи директива со која перењето пари ќе се третира како кривично дело, при што се вклучуваат низа мерки за воспоставување минимални правила за дефинирање на кривичните дела и на санкциите поврзани со перењето пари. На тој начин би се пополниле празнините во законодавството и криминалците би се спречиле да ги злоупотребат разликите помеѓу националните прописи.

Комисијата, исто така, предлага построга контрола на внесување и на изнесување готовина во ЕУ за износи поголеми од 100.000 евра. Таквиот износ мора да се пријави и да се докаже неговото потекло и намена.

Помеѓу предложените мерки се и замрзнување на финансиските средства на терористите и одземање на нивниот имот.

Сподели: