ЦИВИЛ: Некои партии нудат поткуп на гласачите за да не излезат на гласање во Теарце

Сподели

Oдредени политички партии нуделе поткуп на избирачите за да не излезат на прегласувањето кое ќе се одржи во недела, изјавија од граѓанската организација „Цивил“ на денешната прес-конференција во Теарце.

– Никој нема право на граѓаните да им го одземе правото на глас и секој обид да се спроведе некоја незаконска активност од типот на поткуп на гласачи е казниво со закон. Ние од теренот имаме сознанија дека во тек се активности за поткуп на гласачи. Постои обид да се намали излезноста на гласачите на прегласувањето во Теарце – изјави првиот човек на „Цивил“, Џабир Дерала.

Тој исто така вели дека за ова тврдење имаат докази и сведоштва.

– За ова тврдење имаме и сведоштва, прибавуваме и докази за ваквите дејствија од одредени политички партии. Дознаваме дека апстинирањето од гласањето во недела чини од 3.000 до 6.000 денари за глас – изјави Дерала.