Силен тајфун кој синоќа погоди делови од Филипини, усмртувајќи четири лица и уништувајќи многу куќи, денеска слабее, но ударите на ветерот сè уште се силни, соопштија властите.
Просечната брзина на тајфунот Нок-Тен се движела околу 185 километри на час, а во провинцијата достигнал брзина од 255 километри на час и предизвикал прекин во снабдувањето со електрична енергија и на комуникациските мрежи.
Тајфунот денеска се приближува до Манила, додека во текот на вчерашниот ден ја погоди провинцијата Камаринес Сур.
Околу 218.000 лица се евакуирани во центрите за поради силното невреме.