Заев – Стефансон: Нова влада посветена на реформските процеси

Сподели

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска имал средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Македонија, Матс Стефансон, на која било разговарано за текот на политичките процеси во земјава, по одржаните предвремени парламентарни избори.

На средбата, како што информираат од центарот за комуникации на СДСМ, двајцата соговорници констатирале дека новата влада мора да биде „посветена на реформските процеси, нотинари во извештаите на Прибе и на Европската комисија“.

„Се гордееме со резултатот, со пенкало и со глас поразивме режим. Повеќе од 612.000 граѓани во Македонија се изјаснија за промени. Граѓаните, независно на која етничка заедница припаѓаат, очекуваат подобрување на квалитетот на живот и примена на европските вредности во Македонија. На тоа се обврзавме во „Планот за живот во Македонија“ и тоа ќе го спроведеме“, истакнал Заев на средбата со шведскиот амбасадор.