Жителите на Данска за само неколку недели во декември оваа година, за Божиќ потрошиле околу 4 милијарди евра, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на компанијата „Нетс“, која ја следи потрошувачката во оваа скандинавска земја, Данците потрошиле 30,5 милијарди круни, односно 4,1 милијарда евра, во првите 23 дена од декември оваа година.
Жителите на Данска по повод божиќните празници потрошиле 2,9 проценти повеќе во однос на истиот период минатата година.
Данците најмногу потрошиле на 23. декември, кога низ целата земја, преку кредитните картички е направен промет во вредност од 1,7 милијарди круни, или 229 милиони евра, што е четврти ден по ред со најголеми суми на купување во таа земја.
Според пишувањето на данските медиуми, масовно купување во оваа земја се очекува и во наредните празнични денови.