Путин: Русија нема да ги протера американските дипломати

Сподели

МОСКВА (АА) – Претседателот на Русија, Владимир Путин соопшти дека американските дипломати нема да бидат протерани од Русија, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот Путин во своето писмено обраќање изјави: „Ќе го сочуваме правото на реваншизам. Нема да паднеме на неодговорната ‘кујнска дипломатија’. За наредните чекори во изградбата на руско-американските односи ќе се водиме според ставот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп“.

Претседателот Путин наведе дека руските дипломати, враќајќи се од САД, ќе можат во Русија да си ги поминат новогодишните празници.

„Нема да им правиме проблеми на американските дипломати. Никого нема да испратиме“, додаде тој.

Путин новите санкции кон Русија ги оцени како провокација насочена кон влошување на билатералните односи меѓу двете земји. Тој истакна дека таа состојба е на штета на двата народа и на светската стабилност.

Рускиот претседател изјави дека жали што претседателот на САД, Обама, на ваков начин ја завршува својата должност и истовремено на Обама, на Трамп и на американскиот народ им ја честиташе новата година.

Обвинувајќи ја Русија дека за време на претседателските избори во САД извела кибернетски напад врз базата на податоци на Демократската партија во САД, при што биле украдени 20.000 електронски пораки, вчера од 35 руски дипломати кои се надолжност во Вашингтон и во Сан Франциско беше побарано во рок од 72 часа да ја напуштат државата. Истовремено било упатено барање да бидат испразнети два кампуса на руската Влада во државите Мериленд и Њујорк.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, на претседателот Путин му предложи реципрочно, од Русија да бидат протерани 35 американски дипломати.