Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека медиумските тврдења дека тој е корумпиран не се потврдиле и не довеле до официјално подигнување на обвинение против него, јави ТАСС.
– Се разјасни дека долгогодишниот, секојдневен прогон на мене и моето семејство нема основа. Нема апсоутно ништо, рече Нетанјаху во писмената изјава, објавена од неговиот кабинет
Израелскиот премиер беше сослушуван од полицијата три часа во неговата резиденција во Ерусалим под сомнение за наводно примање на недозволени подароци од бизнисмени.
Нетанјаху повторно ги отфрли обвиненијата во медиумите и ги повтори зборовите кои ги кажа на крајот на декември: „Ништо нема да се открие, бидејќи нема ништо“.