Времето денеска ќе биде променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување слаб снег. Во текот на денот ќе дува умерен северен ветер.

Минималната утринска температура во земјава ќе се спушти во интервалот -25 до – 15, а максималната дневна од -13 до -7 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината не очекува слично време со температура од -19 до -8 Целзиусови степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштуваат дека утринава најстудено е во Берово, каде се измерени минус 28 Целзиусови степени. Веднаш зад Берово, според ниските температури е Битола, каде се измерени минус 25, Маврово минус 24, Лазарополе и Крива Паланка минус 23, Тетово и Крушево минус 22, Скопје Петровец, Штип и Прилеп минус 21, Виница минус -20, Куманово, Ѓуриште и Тополчани минус 19, Струмица минус 18, Демир Капија минус 17, Охрид и Претор минус -16, Дебар минус 15, Дојран минус 12, Гевгелија минус 10 и во Скопје минус 17.

Во текот на ноќта не се забележани нови врнежи, а снежната покривка се движи од 8 сантиметри во Претор и Демир Капија, 9 во Струмица и Скопје, 10 Скопје Петровец, 11 Виница, 14 Штип и Прилеп, 15 Охрид, 17 Битола, 20 Куманово, Ѓуриште, 21 Крива Паланка, 23 Крушево, 27 Берово, 30 Дебар и Тетово, 35 Тополчани, 49 Лазарополе, 56 Пожаране и 78 Маврово.

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и многу студено време со услови за провејување на локален слаб снег. Од среда се очекува намалување на облачноста и постепен благ пораст на температурата, а од петок ќе бидеме под јужно воздушно струење кога се очекува да има позначителен пораст на температурата на воздухот.