Почина Зигмунд Бауман еден од највлијателните социолози

Сподели

Еден од највлијателните социолози на 20 век, Зигмунд Бауман, почина денеска во Лидс на 91 година. Левичарот, социолог и филозоф беше Евреинг од Полска и дисидент кој избега во ССР која Германија ја нападна Полска. Во Полска станува дел од првата генерација офицери на комунистичката држава и работи во военото разузнавање каде што влегува на свои 19 години. Додека работи во армијата истовремено изучува социологија на Универзитетот за политички и социолошки науки во Варшава. Тој беше лојален на полските комунисти се до 1968 година кога во Полска се случува големата анти-семитска чистка. Тогаш ја напушта државата и се сели во Израел, а подоцна во Велика Британија каде што живее речиси до крајот на својот живот.

Бауман беше голем критичар на глобализацијата. Автор е на повеќе од 50 книги и има добиено многу меѓународни признанија за неговите истражувања во сферата на етиката, конзумеризмот, глобализацијата и модерноста. Го сметаа за човекот кој беше моралниот глас на оние кои го немаат, обесправените и слабите.

На македонски јазик се објавени три книги на Бауман: Постмодерна етика (Темплум, 2005), Флуидна љубов: за трошноста на човековите врски (Слово, 2013), Флуидни времиња: живот во доба на несигурност (Слово, 2016).

Во неговата најславна книга „Модерноста и холокаустот“ тој расправа дека геноцидот врз Евреите не е едноставна агресија и варварство туку е поврзано и со индустрилизацијата. На македонски јазик се објавени три книги на Бауман: Постмодерна етика (Темплум, 2005), Флуидна љубов: за трошноста на човековите врски (Слово, 2013), Флуидни времиња: живот во доба на несигурност (Слово, 2016).