Чудата можеби не постојат, но оваа година можеби ќе биде клучот за неколку научни откритија. Ова се нештата за кои би можеле многу да слушаме оваа 2017 година.
Изгубени во преводот
Во 2017 година, ќе можеме да ги изучуваме и споделуваме незамисливо големите количини на податоци. Ќе имаме можност да слушаме за таканаречената „translational medicine“. Научниците, здравствените работници и фармацевтите соработуваат за да ја преведат науката во решенија. Идејата е да се запре финансирањето на малку вредната здравствена заштита и да се движи кон ера на прецизна медицина, во која генетиката, изложеноста на животната средина и други фактори ќе бидат водичот во заштитата која ја барате.
Медицина асистирана од компјутери
Модерната медицина не е повеќе можна без податоци. Информациите за организмот се собира во уреди и се поставуваат дијагнози и третмани. Преку алгоритми ќе добиваме совети на нашите апликации, онлајн алатки и програми ќе им помагаат на лица со различни болести, што значи терапијата во виртуелна реалност ќе им помага на луѓето во справување со сопствената состојба.
Анализирање на микробите
Анализирање на вашиот биом од стомакот ќе биде навистина популарна метода. Генетската информација која се носи во микробите во стомакот и цревата се верува дека игра голема улога во креирањето хемикалии кои ги движат виталните процеси како што се заздравувањето, метаболизмот и имунитетот. Ќе се обрне внимание на тоа како да превенираме во случај на болест, како да се чуваме и што да внесуваме во нашиот организам.
Следен предизвик на јавното здравство
Алкохолот е водечки фактор за раната смрт, болест и попреченост меѓу 15 и 49 годишните. Тука се и пушењето, диетата, дебелината и високиот крвен притисок. Ова ќе бидат едни од најголемите предизвици во 2017 и смислувањето на методи за минимизирање на овие пороци.
Вирусот Зика
Вирусот беше топ тема во текот на изминатата година. Анализирањето и дознавањето повеќе за овој вирус ќе продолжи и во текот на оваа година.
Се враќа ли скорбут – недостаток на витамин Ц?
Бројката на вакви случаи е во пораст, а особено се појавува кај луѓе кои се често на диета и не внесуваат доволно овошје и зеленчук во организмот. Се појавува заради недостаток од витамин Ц, а предизвикува сува кожа, болки во мускулите, бавно заздравување. Честа појава која ќе се следи и во 2017.
Дали кетаминот ќе го замени морфиумот?
Овој лек се дава како назален спреј и овозможува ослободување од болката, а е замена за морфиумот. Најчесто се користи кај деца како анестезија, кои очигледно не се подложни на неговите халуциногени ефекти.
Ќе се пронајдат ли соодтветни третмани за деменција?
Постои надеж дека лекот бримонидин ќе биде ефективн во лечењето на деменцијата. Во моментов се користи за глауком, но се верува дека може да има слични ефекти и врз мозокот.
Дали Велика Британија ќе го добие вештачкиот панкреас за дијабетес тип 1?
Вештачкиот панкреас е одличен прибор кој постојано го мониторира нивото на шеќер во крвта кај луѓето со дијабетес тип 1 и се поврзува со нивната инсулинска пумпа за да ја обезбеди соодветната доза на инсулин. Има одобрение од „FDA“ , па се очекува многу брзо да пристигне и да се користи во Велика Британија.