„Концепт 37“: Поети ќе читаат проза во чест на Дејвид Боуви

Сподели

Со мото „Не турска, не шпанска, туку книжевна серија“ во организација на „СловоКулт – Литератур/а Берлин“ и „Арт Еквилибриум“ во „Концепт 37“ досега се одржаа четири сесии на кои поети читаа проза од современи германски, австриски и швајцарски автори.

Книжевната серија „Поети читаат Проза“ во својата т.н. меѓуепизода, односно избор на текстови од сите претходни епизоди, ќе се одржи на 11 јануари 2017 (среда), со почеток во 20 часот, во „Концепт 37“. Покрај читањето фрагменти од романите на Томас Бернхард, Инго Шулце и други автори во превод од германски јазик на Елизабета Линднер, а во издание на „Блесок“, ќе бидат одбележани и 70 години од раѓањето (08.01.1947) и една година од смртта (10.01.2016) на поп-ѕвездата Дејвид Боуви.