Владата денеска планира да се задолжи за нови 6,5 милиони евра. Парите треба да се обезбедат преку аукција на државни записи. Следниот ден календарот на министерството за финансии предвидува раздолжување за истата сума. Ова е второ задолжување годинава.
На првата аукција на државни записи минатата недела, државата позајми од домашните кредитори 31 милион евра, или 16 милион евра повеќе отколку што требаше следниот ден да врати во стопанството.
Дали и денеска Владата ќе добие повисока сума од очекуваната ќе се знае по аукцијата која вообичаено се реализира точно напладне.
Според последните податоци јавниот долг на државата изнесува 50,6 отсто од бруто домашниот производ, или рекордно највисоко ниво на јавен долг до сега.