Италијанецот Антонио Тајани, кандидатот на Европската народна партија на десниот центар, е избран за нов претседател на Европскиот парламент, јавува Anadolu Agency (AA).
Тајани е избран во четвртиот круг со 351 гласови, a за противкандидат го имаше Џани Питела кој освои 282 гласа.
Гласањето за нов претседател на Европскиот парламент започна утрово со вкупно шест кандидати, но сè до четвртиот круг ниту еден од кандидатите немаше апсолутно мнозинство.
Тајани по гласањето ги повика Европјаните на единство и соработка.