ИТАЛИЈА: По низа земјотреси лавина затрупа хотел во Фариндола

Сподели

Повеќе лица ги загубиле животите во италијанскиот регион Абруцо кога хотелот во кој биле сместени го погодила снежна лавина, јавува „Би-би-си“. Се претпоставува дека лавината била предзивика од земјотресите кои вчера го потресоа централниот дел на Италија.

Според последните информации, спасувачките екипи трагаат по десетици исчезнати луѓе, додека во хотелот Rigopiano во селото Фариндола се наоѓале најмалку 20 гости и 7 вработени.

Спасувачите имаат проблеми во движењето кон зградата на хотелот, во акцијата учествуваат 20 пожарникари, два тима на планински спасувачи, шест екипи  на брза помош и членови на локалната полиција.

Пред лавината во близина на областа биле регистрирани низа нови земјотреси меѓу 5 и 5,7 степени по Рихтер.

Еден од преживеаните, Џиампоаоло Парете вели дека се спасил од лавината само затоа што излегол до автомобилот за да земе нешто. На докторите им кажал дека неговата сопруга и двете деца се затрупани од лавината, пишува Daily Mail.

Се стравува дека има многу загинати, медиумите пишуваат дека 20 луѓе биле заробени во хотелот пред да биде урнат и затрупан од снегот.