-“Специјалното јавно обивнителство стана беспредметна институција по спасувањето од судска и кривична одговорност и аболицијата што Катица Јанева му ја даде на Зоран Заев, кој заедно со Зоран Верушевски се до гуша во документиран и докажан криминал, рече денеска на прес-конференција Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во врска со повлекувањето на обвинението за предметот „Пуч“ од страна на СЈО. Во спротивно, додаде тој, Специјалното јавно обвинителство ќе дозволеше процесот да заврши со судската разрешница, и судот да ги разгледува и да ги цени доказите и врз основа на нив да донесе праведна пресуда. А не обвинителството да биде адвокат на обвинетите.”
– “Затоа СЈО, ако некој до вчера се сомневаше, од денес треба да знае дека веќе нема никаков професионален ниту институционален легитимитет. СЈО остана да биде само политички инструмент и продолжена рака на аболицираниот криминалец Зоран Заев. СЈО цела година од преземањето на случајот „Пуч“ ја лажеше и манипулираше јавноста дека постапува по предметот и дека наводно работи независно и непристрасно. Судењето се одложуваше 10 пати, а госпоѓата Катица Јанева се надмина себеси во измислувањето причини за одложување на рочиштата, рече Милошоски, додавајќи дека наместо да покаже професионализам СЈО се ставило во одбрана на криминалот преку кој бил нарушен безбедносниот систем.”
Првата и основна причина за формирањето и постоењето на СЈО, рече тој, беше да се расчисти криминалот на Заев и Верушевски кои, додаде, според признанието на вработениот во Управата за безбедност и контраразузнавање кој доби судска пресуда ја злоупотребиле опремата за незаконско следење на комуникациите.
– “Со оваа одлука на Катица Јанева за аболиција на господинот Заев, престанува и главната причина за постоењето на СЈО. Затоа сметаме дека јавноста треба да биде свесна дека СЈО веќе стана беспредметна институција”, рече Милошоски.