Обединетите нации усвоија програма за помош на 340 илјади мигранти и бегалци во Европа оваа година.
Според податоците на Врховниот комесаријат на Обединетите нации за бегалци планот ќе чини 691 милон долари. Освен Комесаријатот во негова реализација ќе учествува и Меѓународната организација за миграција и други 72 партнерски структури.
Целта на новата стратегија е да се поддржат напорите на владите за обезбедување на безбеден пристап на мигрантите до засолништа и заштита.
– Изминатите две години реакцијата на Европа при пристигнувањето на повеќе од 1,3 милиони бегалци и мигранти беше проследена со голем број проблеми, вклучувајќи го и прашањето за нивна заштита. Тој план е инструмент за подобрување на координацијата на активностите во 2017 година, изјави дирекорот на европската канцеларија на Комесаријатот., Венсан Коштел.
Со програмата се опфатени Јужна, Централна, Западна и Северна Европа и Турција.