Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини ги повика Белград и Приштина на состанок на високо ниво на 24 јануари во Брисел во рамки на дијалогот со посредство на ЕУ.
– Развојот на настаните изминатите неколку денови ја потенцира потребата од зголемена посветеност и ангажирање на двете страни во дијалогот, се наведува во соопштението на сајтот на Европската служба за надворешни работи.
– Напредокот во нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија останува од најголемо значење за двете страни, за ЕУ и за Западен Балкан во целина, се нагласува во соопштението на Могерини.