“БЕСА”: Бараме транспарентност во преговорите за формирањето нова Влада

Сподели

Од Движењето „Беса“ предупредија дека ДУИ може да ја прекрши Платформата на Албанците при преговорите со македонските партии за формирање на новата Влада. Претставникот на „Беса“, Аријанит Хоџа, во емисијата „Патот кон“ изјави дека секоја коалиција или договор кој ќе биде постигнат меѓу партиите треба да биде транспарентен.

„Тоа е првиот прекршок, но тоа е подготвување на јавноста за нов прекршок кој може да им се случи на барањата на Албанците. Затоа јасно велиме – сè што ќе биде договорено во таа платформа треба да има рок и да биде објавено за да видат Албанците дека ние не можеме да правиме тајни коалиции или тајни договори кои подоцна ќе излезе дека се на штета на Албанците.“ – изјавува Аријанит Хоџа, Движење “Беса”

Од Алијансата за Албанците за Алсат-М  велат дека ДУИ треба да преговара за исполнување на секоја точка која е дел од заедничката Платформа.

„За тоа како се претставува заедничката платформа кон македонската страна, одговорност треба да сносат и да дадат одговор оние кои преговараат во име на таа заедничка декларација. Сметаме дека заедничката политичка декларација во целост е и треба да биде предуслов за преговори за идната влада. Обврска на секој кој зборува во име на политичката декларација е точките на оваа декларација да ги поддржува до последната точка.“ – велат од Алијанса за Албанците

Од друга страна, некои аналитичари сметаат дека ДУИ треба повторно да иницира средби со партиите потписнички на Платформата за да се информираат околу текот на преговорите за новата Влада.

„Да земеме дека ДУИ преговара со ВМРО и дека ќе се договорат за две или три точки, а Платформата има седум точки. За некои од точките и вие се согласивте дека е потребно двојно гласање, 81 пратеник. Во тие рамки, мислам дека и вие како политички субјект, треба да бидете пофлексибилни во смисла на следново… Да земеме дека ВМРО и ДУИ ќе се договорат за прашањето со јазикот. Тогаш мислам дека ДУИ ќе треба уште еднаш да седне со Движењето Беса, со потписниците на Платформата и да ги отворат картите.“ – изјавува Блерим Хисени, аналитичар.

Текстот во целост прочитајте го тука