Врховниот суд на Велика Британија денес донесе одлука дека Владата мора да побара одобрение од Парламентот пред да биде активиран членот 50 од Лисабонскиот договор, со кој официјално ќе започне процесот на излез од Европската Унија, јавува Anadolu Agency (AA).
Одлуката ја објави лорд Нојбергер, претседател на Врховниот суд, истакнувајќи дека судиите донеле одлука со мнозинство гласови од 8:3.
„Врховниот суд ја одби жалбата на државниот секретар. Во заедничка пресуда, која беше донесена со мнозинство гласови, Врховниот суд смета дека е неопходно со указ на Парламентот да им се одобри на министрите да донесат одлука за повлекувањето на Велика Британија од Европската Унија“, се наведува во одлуката.
По одлуката, Џереми Рајт, британски правобранител, изјави пред судот дека владата е разочарана од одлуката.
Врховниот суд донесе одлука дека шкотскиот Парламент, како и собранијата на Велс и на Северна Ирска немаат право на глас во овој случај.
На референдумот одржан во јуни минатата година, британските граѓани се одлучија да ја напуштат Европската Унија, по што премиерот Дејвид Камерон поднесе оставка.
Подоцна владејачката конзервативна партија ја назначи Тереза Меј за нов премиер што ќе ги води преговорите за напуштање на ЕУ.