Џошуа и Кличко ќе се борат пред рекордни 90.000 гледачи на „Вембли“

Сподели

Капацитетот на стадионот „Вембли“ во Лондон за бокс-мечот меѓу Ентони Џошуа и Владимир Кличко ќе биде зголемен од 80.000 на 90.000 места, со што ќе биде изедначен британскиот рекорд на еден бокс меч, јавува Anadolu Agency (AA).

Садик Кан, градоначалник на Лондон, ги собра претставниците на „Нетворд реил“, „Транспорт фор Лондон“ и на стадионот „Вембли“ за да се обезбеди зголемување на капацитетот за 10.000 места.

Тоа значи дека мечот од тешка категорија во кој двајцата боксери на 29. април ќе се борат за ИБФ појасот на Џошуа и ВБА и ИБО титулата ќе се одржи пред рекордни 90.000 гледачи како на мечот по војната кога бил поставен рекордот во бројот на гледачи.

Моменталниот и повоениот рекорд го држи мечот меѓу Карл Фрош и Џорџ Гровес од 2014 година, кога на Вембли се собраа 80.000 луѓе. Британскиот рекорд на сите времиња е поставен во 1939 година, кога Лен Харвеј и Џок Мекавој се бореа пред 90.000 луѓе на „Вајт Сити“ во Лондон.