ЕК: Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина

Сподели

 

Европската комисија најави нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина ќе се одржи во Брисел на 1. февруари.

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност и претседателка на Европската комисија, Федерика Могерини ги повикала премиерите на Србија и Косово Александар Вучиќ и Иса Мустафа на 1. февруари да присуствуваат во Брисел на нов дијалог на високо политичко ниво со цел нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

– Високата претставничка очекува продолжение на разговорите за отворените прашања, за примена на веќе постигнатите договори, како и за чекорите за продолжување на дијалогот, стои во соопштението на ЕК.

Во соопштението се потенцира дека напредокот на Србија и Косово кон европскиот пат е поврзан со напредокот во дијалогот.