Хабловата константа — стапката на ширење на Универзумот — е една од фундаменталните величини кои го опишуваат нашиот Универзум. Група астрономи од Макс Планк Техничкиот Универзитет во Минхен и Макс Планк Институтот за астрофизика во Гархинг, Германија, го примениле вселенскиот телескоп Хабл и други телескопи во вселената и на земјата за набљудување на пет галаксии со цел да дојдат до независно мерење на Хабловата константа.
Сепак, измерените вредности, како и оние измерени со користење на Цефеиди и супернови, се различни од мерењата направени од страна на Планк сателитот на ЕСА. Но, постои значајна разлика: Планк ја измерил Хабловата константа на раниот Универзум со набљудување на позадинското космичко микробраново зрачење.
Додека вредноста на Хабловата константа одредена од Планк се совпаѓа со нашите тековни сфаќања за космосот, вредностите добиени од различни групи астрономи за локалниот универзум не се совпаѓаат со општоприфатениот теоретски модел на Универзумот.
Целите на студијата беа масивните галаксии позиционирани помеѓу Земјата и многу оддалечените квазари: неверојатно блескавите јадра на галаксиите. Светлината од пооддалечените квазари се прекршува околу огромните слоеви на галаксиите како резултат на силното гравитациско ширење на светлината. Ова создава повеќекратни слики на квазар во позадина, некои од нив развлечени како патека по која изгреваат и заоѓаат.
Бидејќи галаксиите не креираат совршени сферични дисторзии во Универзумот и осветлените галаксии и квазарите не се совршено усогласени, светлината од различни слики на квазарите следи различни патеки кои имаат малку различни должини. Земајќи предвид дека светлоста на квазарите се менува со текот на времето, астрономите можат да видат различни слики кои трепкаат во различни периоди, со задоцнување помеѓу нив зависно од должината на патеката која ја има заземено светлината. Овие задоцнувања се директно поврзани со вредноста на Хабловата константа.
Со користење на прецизни мерења на временските задоцнувања помеѓу многукратни слики, како и со компјутерски модели, тимот ја одредил Хабловата константа до импресивна прецизност: 3.8 проценти. Точното мерење на Хабловата константа е една од најпосакуваните награди во космолошките истражувања денеска: Хабловата константа е клична за модерната астрономија бидејќи може да помогне да се потврди или негира дали нашата слика за Универзумот – создаден од темна енергија, темна материја и нормална материја – е всушност точна или ни недостасува нешто друго.