Клаус Јоханис, претседател на Романија, на пратениците им кажа дека земјата е во целосна политичка криза откако стотици илјади граѓани се собраа во знак на протест против владините мерки со кои ќе се ослабне борбата против корупцијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето пред Парламентот, Јоханис рече дека повеќето Романци сметаат оти земјата се движи во погрешна насока.
„Не ѝ се потсмевајте на Романија. Задржете го економскиот раст“, им рече претседателот на пратениците.
Некои членови на Парламентот за време на говорот на претседателот извикуваа: „Срам да ви е“, а потоа ја напуштија седницата.
Калин Попеску Таричеану, претседател на Парламентот, во најавата за излагањето на претседателот рече дека во земјата владее многу напната ситуација.
Ливиу Драгнеа, претседател на владејачката Социјалдемократска партија и Таричеану одбија да го поздрават претседателот Јоханис кога тој пристигна на седницата на Парламентот.