Јоханес Хан утре ќе оствари средби со македонските политички лидери

Сподели

 

Еврокомесарот Јоханес Хан кој во Скопје пристига доцна вечерва,  за утре има закажани билатералните средби со лидерите на парламентарните политички партии. Според неофицијалните информации, не е исклучена и средба на Хан со претседателот Ѓорге Иванов.

Хан ќе учествува на министерскиот состанок посветен на енергетиката, а на маргините на конференцијата ќе оствари средби со партиите. Ова е прва негова посета по предвремените избори на 11 декември, а последен пат во Скопје имаше средба со политчарите во октомври лани.

Хан од Брисел порача  дека очекува во Македонија брзо да се формира Влада, поддржана од широко парламентарно мнозинство, која ќе ги спроведе итните реформи со што ќе се отворат европските перспективи за земјата.