Граѓански иницијативи добиваат гласност бидејќи иницијаторите умно ги користат новите медиуми и социјалните мрежи. Но, дали и колку политичарите се умешни во ваквиот начин на комуникација?
Од политичките лидери во Македонија, само лидерот на СДСМ Зоран Заев има личен профил, покрај фан-страницата. Најследен политичар кој има фан-пејџ е претседателот ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со над 220 илјади следбеници. Дали социјалните медиуми се електронски службен весник на политичарите или канал за поблиска комуникација со граѓаните? На овие прашања во видео подкастот на ResPublica зборуваат Славица Биљарска, магистер по односи со јавност и Слободан Јаќоски, твитерџија и еден од основачите на Википедија на македонски јазик.
https://youtu.be/hLFx7546cKM